Денес, 14 септември, 2022 година во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом, свечено ќе биде отворена изложбата на современа графика: „Огледало – лице в лице“ (Mirror – face to face).
Оваа изложба која во мај и јуни беше презентирана во Вила Калдоњо – благородничка сала (Villa Caldogno, Salone nobile) во Виченца, предизвика голем интерес кај публиката и ликовната јавност, а сега истата ќе биде пренесена пред македонската јавност.
Автори на изложбата се: Валерија Бертесина, истанат ликовен уметник и организатор и Владо Ѓорески, графички уметник и кустос.