Press "Enter" to skip to content

Пелистер се пласира во 1/8 финалето од Купот, победи против Гостивар со гол во 89 минута

Гостивар – Пелистер 0:1

Фудбалерите на Пелистер со голот на Никола Наумовски во 89 минута победија против екипата на Гостивар, во рамките на 1/16 од Купот на Македонија. 

Екипата на Пелистер ги продолжува куп натпреварите, а овој резултат за некои е изненадување, по поразот на “пелистерци“ во Битола, во саботата од 1:3, токму од екипата на Гостивар, во првенствениот фудбалски натпревар од Втората лига.

Понатаму во 1/8 финалето, покрај Пелистер се пласираа уште и Македонија ЃП, Силекс, Скопје, Љуботен,  Воска Спорт, Шкупи, Работнички, Фортуна, Вардар, Шкендија, Победа, Тиквеш, Брегалница, А. Пандев и Струга.