Press "Enter" to skip to content

Како и ветија, прим. д-р Таше Трпчевски и болница “Плодност“ бесплатно ја извршија цистографијата на детето за кое “Рилука“ побара помош

“Се случи цистографијата. Болница “Плодност“ од Битола истата ја изврши целосно бесплатно. Ви благодариме професионалци сте пред се луѓе во вистинска смисла на зборот. Резултатот од истата: Оној од молитвите. Јас сум им преблагодарна и сакам баш сите да знаат за хуманите подвизи“, ова се зборовите на среќната мајка, која денес ги објави фотографиите по извршената цистографија во болница “Плодност“ и дозволи истите да бидат објавени.Пред околу 2 месеци, по апелот на социјалните мрежи од страна на здружението “Рилука“, дека детенце кое е член на нивното здружение, има хидронефроза на лев бубрег, односно стеснување на мочните канали и му е потребна финансиска помош за цистографија, менаџментот на болница “Плодност“ предводен од прим. д-р Таше Трпчевски, одлучи дека интервенцијата за детето ќе биде извршена бесплатно.

More from БитолаMore posts in Битола »