Press "Enter" to skip to content

На српските гробишта во Битола одбележан Денот на српското единство, слобода и националното знаме (фотогалерија)

Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, во Битола, со повеќе активности се одбележува Денот на српското единство, слобода и национално знаме, и пробивот на Македонскиот фронт кај Добро Поле, а на прославата се приклучи и Амбасадата на Република Србија во Македонија.По повод 104 години од пробивањето на Солунскиот фронт, на споменикот на српските воени гробишта во Битола, свежо цвеќе положија Н.Е. амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ, пратеникот во македонското собрание Иван Стоилковиќ, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.Цвеќе положија и почесните конзули на Србија во Битола Сиљан Мицевски и во Охрид Михајлов Филев, како и претставници на Заедницата на Срби од Македонија во Битола.Пред повеќе од еден век, близу Битола, тогашната војска почна пробив на Солунскиот фронт, посочи српската амбасадорка во земјава, Невена Јовановиќ.-Не е случајно 15 септември избран ден на српското единство, ден на слободата и ден на националното знаме. Тоа е ден во кој се вткаени нашата болка и нашата слава, ден со кој почна нова страница во нашата историја, истакна амбасадорката Јовановиќ и додаде:

-Иако нововостановен, денот на српското единство, слобода и националното знаме е еден од нашите најважните празници бидејќи јасно подочува кои сме, од каде доаѓаме и каде одиме. Тоа е празник на нашиот идентитет, идентитет во кој се обединуваат јазикот, културата, традицијата, верата и вредностите на кои се темели нашето општество.На српските воени гробишта во Битола кои сведочат за периодот 1812-1918 година присутните се присетија на сите страдања за време на Првата светска војна.За време на посетата на Битола, амбасадорката Невена Јовановиќ оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата разговараа за успешната билатерална соработка на многу полиња, особено на полето на економијата и културната размена.Во рамките на одбележувањето на Денот на српското единство, слободата и националното знаме, утре, петок,  ќе се одржи конференцијата „Србите во Македонија и Србија“.Во сабота традиционалното полагање цвеќе на Кајмакчалан. 

More from ВестиMore posts in Вести »