Синоќа во концертната сала на Офицерски дом во Битол беше отворена изложба на современа графика “Огледало – лице в лице“ (Mirror – face to face), на автори на изложбата Валерија Бертесина, истанат ликовен уметник и организатор и Владо Ѓорески, графички уметник и кустос.Изложбата пред присутните вљубеници на графиката ја отвори Лили Бошевска, директор на Културно информативниот центар Битола која рече:
-На публиката која вечерва е со нас прво сакам да и се заблагодарам за присутноста со нас, но и на уметниците кои никогаш не сакаат многу да зборуваат, но многу кажуваат преку нивните дела. Па, така и е вечерва на изложбата која ја подготвија Валерија Бертесина и Владо Ѓорески. Јас би додала само дека изложбата со необично име “Огледало“ или “Лице во лице“ е посебна, бидејќи ако не постоело огледалото немаше да имаме претстава какви сме ние, а оваа изложба две земји Македонија и Италија се “гледаат“ лице во лице, а со тоа како Италијаните не доживуваат нас, а и ние Македонците, Италијаните, односно како ние ја доживуваме уметноста за која нема граници. Ако не знаеме кои се авторите на делата , ние нема да знаеме од кои земји се тие.
Валерија Бертесина, истанат ликовен уметник и организатор на отворањето рече:
-Седум години се доволно за да се забележат промените во графиката особено поради брзите и епохални трансформации со кои се среќава општеството. Современата графика на Италија го прошири својот простор на претставување и ја промени страста. Младите графичари мислат дека графиката може да понуди и поголеми инспиративни и експресивни можности со новите поставки и со користење на најразновидни материјали, не само печатење на хартија туку и на пластика и неметали, па се до тродимензионални форми, што е нешто ново, а старите италијански графичари се служеа со традиционални форми, исклучиво во црно-бела боја.
Владо Ѓорески, графички уметник и кустос не отворањето рече:
-“Mirror – face to face е исклучително значаен проект кој што се одржува секоја година и е целосно поддржан од УНЕСКО. Досега се претставени најзначајните автори од : Естонија, Чиле, Србија, Јапонија. Претставувањето на македонската ликовна уметност во рамки на овој проект, претставува многу значајно меѓународно признание на делата на македонските автори, како и репрезентативна соработка со италијанската творечка елита. Во Битола, во ексклузивните простори на Културен и информативен центар Битола– Офицерски дом, изложбата ќе биде поткрепена и со неколку пропратни програми“, посочуваат организаторите.
Изложбата во мај и јуни беше презентирана во Вила Калдоњо – благородничка сала (Villa Caldogno, Salone nobile) во Виченца, предизвика голем интерес кај публиката и ликовната јавност, а сега истата ќе биде пренесена пред македонската јавност.
Најновото уметничко творештво со над педесеттина истакнати автори од Италија и Македонија со околу сто нивни ликовни дела.
30 автори се од Италија: Серџио Биголини, Лука Бруно, Мартина Карола, Ана Коколи, Валентина Формисано, Паоло Гидони, Марцела Миранда, Масимо Спадари, Џовани Тедесчини, Марта Вивани, како и македонските уметници Атанас Фотев, Ладислав Цветковски, Славица Јанешлиева, Јана Луловска, Марија Светиева, Жанета Вангели, Илија Трајковски, Маја Анастасова, Сашо Блажес, Мирослава Цветковиќ, Домен Димовски, Валентина Илијевска, Стефан Јакимовски, Маја Киркова, Владимир Симоновски, Шкипе Мехмети, Горан Ристовски, Драганчо Таневски и Владо Ѓорески.
За изложбата „Огледало – лице в лице“ изготвен е каталог на над 100 страници, со текстови од Франческа Тресан претседател на УНЕСКО Италија, д-р Лили Бошевска- директор на ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
Со оваа изложба ЈОУ Културен и информативен центар – Битола продолжува со интезивно промовирање на ликовната уметност, особено во делот на меѓународната соработка, позиционирајќи го Офицерскиот дом со неколкуте галериски простори како ново средиште на ликовните збиднувања во Општина Битола и пошироко.

Отворена изложбата на современа графика “Огледало – лице в лице“ (Mirror – face to face) (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“
- Билтен на МВР: приведен крадец-украденото вратено, нападната жена од лице со кое била претходно во врска
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност
More from КултураMore posts in Култура »
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом