Press "Enter" to skip to content

Превентивни активности на СВР Битола во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“

 
Денеска, 15 септември, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, го посетија Основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што имаа средба со наставничкиот кадар и учениците.

Средбата имаше превентивно-едукативен карактер на повеќе теми што ја тангираат безбедноста на учениците.

Така, полициските службеници ги едуцираа децата околу суштината на кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, односно за важноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи, потоа околу сајбер булингот, но и околу превенцијата и опасностите од разните можни девијантни појави кај младите, а во рамки на проектот “Безбедни училишта“.

More from ВестиMore posts in Вести »