Press "Enter" to skip to content

Центарот за човекови права “АМОС“ го промовира прирачникот “Компас“

Центарот за човекови права „АМОС“- Битола, во рамките на третата Национална обука за образование за човекови права со млади луѓе, одржа промоција на прирачникот „Компас“.„Компас“ е прирачник за образование за човекови права, издаден од Советот на Европа, а преведен од страна на Центарот за човекови права „АМОС“- Битола.Промоцијата се одржа во хотел „Капри“, а присутни беа гости кои работат во полето на човековите права, претставници од формалното образование, невладини организации и претставници од Општина Битола.