Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност

Денес, петок, 16 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, саботам 17 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.  Температурата во Битола до 27 степени.