Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес, петок 16 сепрември, со почеток во 10 часот ја закажа 17. седница на Советот на Општина Битола на која на Дневен ред ќе најдат, и ќе се расправа за 76 преложени точки.
На предлог на дневниот ред ќе има расправа за Буџетот на Општината, за урбанистички планови и поставување бекатон плочки, за продолжување на работите кај Ветеринарна станица, меѓуопштинска соработка, општинските програми, програмите на јавните претријатија и училиштата, донесување одлука за еднократно помош за родители на првоодделенци, субвенционирање на струјата…
Комплетно предложениот дневер ред е:
1.Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2022 година.
2. Квартaлен извештај на Буџетот на Општина Битола во втор квартал од 2022 година.
3. Одлука за реализација на детален урбанистички план за „Централно градско подрачје – 1 дел“
4. Одлука за реализација на детален урбанистички план за „Урбанистичка единица бр.5“
5. Одлука за поставување на бекатон плочки на јавни површини од времен карактер заради уредување на просторот и обезбедување на полесен пристап на граѓаните до своите домови до реализација на Деталниот урбанистички план за „Централно градско подрачје 3 дел БЛОК 10 и 16“
6. Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за користење на земјиште во општа употреба и поставување на урбана опрема за која неможе да се наплаќа комунална такса на територија на Општина Битола
7. Одлука за продолжување на активностите за реализација на Основниот проект за употреба и одржување на коловоз за крстосница на ул. „Прилепска“ со ул. „Батаљон Стив Наумов“ Општина Битола ( Ветеринарна станица)
8. Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежноста на инспекциски надзор ( овластен инспектор на животна средина и комунален инспектор) , од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
9. Одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежноста на заштита на животната средина ( овластено лице за одобрување на елаборат за заштита на животната средина) , од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
10. Програма за субвенционирање на јавните претпријатија на Општина Битола за 2022 година
11. Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општината Битола за 2022 година.
12. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2022 година.
13. Програма за измени и дополнување на Програмата за одржување на комунални објекти и инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола 2022 година.
14. Програма за измени и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2022 до 2024 година.
15. Програма за измена на Програмата за економски развој во Општина Битола за 2022 година
16. Програма за измена и дополнување на Програмата за култура за 2022год.
17. Програма за измена и дополнување на Програмата за активности во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2022 год.
18. Програма за измени и дополнување на Програма за јавни дејности (образование) во Општина Битола за 2022 година
19. Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита за 2022 год.
20. Решение за давање согласност на Одлуката за отстапување во сопственост на возило и опрема за заловување на бездомни кучиња без надомест од ЈП „Комуналец“ – Битола на Општина Битола
21. Годишен План за вработување во општинска администрација на Општина Битола за 2023 година
22. Годишен План за вработување на ЈП „Пазари“ – Битола за 2023 година
23. Годишен План за вработување на ЈКП „Водовод“ Битола за 2023 година
24. Годишен План за вработување на ЈППЈЛП – Битола за 2023 година
25. Годишен План за вработување на МЈП „ПЕЛАЛИНК“ – Битола за 2023 година
26. Годишен План за вработување на КЈП „Нискоградба“ – Битола за 2023 година
27. Измена на Годишен План за вработување на ЈП „Комуналец“ – Битола за 2022 година
28. Годишен План за вработување на ЈП „Комуналец“ – Битола за 2023 година
29. Годишен План за вработување на Јавно Претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола за 2023 година
30. Годишен План за вработување на ЈОУ Културен и информативен центар – Битола за 2023 година
31. Извештај за работата на ООУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола за учебната 2021/22 год.
32. Годишна Програма на ООУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола во учебната 2022/23 година.
33. Годишен Извештај за работата на ООУ “ Гоце Делчев“ – Битола за учебната 2021/2022 година
34. Годишна Програма на ООУ „Гоце Делчев“ Битола за учебната 2022/23 година.
35. Годишен Извештај за работата на ООУ „Даме Груев“ за учебната 2021/2022 година
36. Годишна Програма на ООУ „Даме Груев“ – Битола за учебната 2022/2023 година
37. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Елпида Караманди“ – Битола за учебната 2021/2022 година
38. Годишна Програма за работа на ООУ „Елпида Караманди“ – Битола за учебната 2022/2023 година
39. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Битола за учебната 2021/2022 година
40. Годишна Програма за работа на ООУ „ Св. Кирил и Методиј “ – Битола за учебната 2022/2023 година
41. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Св. Климент Охридски“ – Битола за учебната 2021/2022 година
42. Годишна Програма за работа на ООУ „ Св. Климент Охридски “ – Битола за учебната 2022/2023 година
43. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Коле Канински“ – Битола за учебната 2021/2022 година
44. Годишна Програма за работа на ООУ „ Коле Канински “ – Битола за учебната 2022/2023 година
45. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Стив Наумов“ – Битола за учебната 2021/2022 година
46. Годишна Програма за работа на ООУ „ Стив Наумов “ – Битола за учебната 2022/2023 година
47. Годишен Извештај за работа на ООУ „ Тодор Ангелевски“ – Битола за учебната 2021/2022 година
48. Годишна Програма за работа на ООУ „ Тодор Ангелевски “ – Битола за учебната 2022/2023 година
49. Годишен Извештај за работа на СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито“ – Битола за учебната 2021/2022 година
50. Годишна Програма за работа на СОУ Гимназија „ Јосип Броз Тито“ – Битола за учебната 2022/2023 година
51. Годишен Извештај за работа на ОСМУ „ Д-р Јован Калаузи“ – Битола за учебната 2021/2022 година
52. Годишна Програма за работа на ОСМУ „ Д-р Јован Калаузи“ – Битола за учебната 2022/2023 година
53. Годишен Извештај за работа на СОЕУ „ Јане Сандански“ – Битола за учебната 2021/2022 година
54. Годишна Програма за работа на СОЕУ „ Јане Сандански“ – Битола за учебната 2022/2023 година
55. Годишен Извештај за работа на СОЗУ „ Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2021/2022 година
56. Годишна Програма за работа на СОЗУ „ Кузман Шапкарев“ – Битола за учебната 2022/2023 година
57. Годишен Извештај за работа на СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“ – Битола за учебната 2021/2022 година
58. Годишна Програма за работа на СОТУ „ Ѓорѓи Наумов“ – Битола за учебната 2022/2023 година
59. Годишен Извештај за работа на СОУ „ Tаки Даскало“ – Битола за учебната 2021/2022 година
60. Годишна Програма за работа на СОУ „ Таки Даскало“ – Битола за учебната 2022/2023 година
61. Решение за измена и дополнување на Решението за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општина Битола за учебната 2022/2023 година
62. Програма за измена на Финансовата Програма за одржување на јавните зелени површини на територијата на Општина Битола за 2022 година на ЈП „Комуналец“ Битола
63. Решение за давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Ценовник за организирање и функционирање на зимска служба на КЈП „Нискоградба“ – Битола за потребите на Општина Битола
64. Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на Ценовник за изведување на градежни работи на КЈП „Нискоградба “ – Битола за потребите на Општина Битола
65. Решение за давање согласност на Одлуката за поднесување на Барање за донесување на Одлука на Совет на Општина Битола за склучување на договори на Општина Битола со КЈП „Нискоградба“ Битола за реализирање на Програмта на Советот на Општина Битола за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола со примена на член 24 од ЗЈН
66. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор во ООУ „Д-р Трифун Пановски“Битола.
67. Решение за разрешување и именување на претставник член во Управен Одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ Битола.
68. Решение за разрешување на член на Надзорен Одбор на ЈП „Пазари“ – Битола
69. Решение за разрешување и именување на член во Комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди
70. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на ЈОУ „КИЦ“ – Битола
71. Решение за именување на членови во заедничка комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежноста на инспекциски надзор ( овластен инспектор на животна средина и комунален инспектор) , од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
72. Решение за именување на членови во заедничка комисија за подготовка на предлог актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежноста на заштита на животната средина ( овластено лице за одобрување на елаборат за заштита на животната средина) , од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци
73. Иницијатива за „Алокација на средства за поставување на фотоволтаици на сите основни и средни училишта и на сите институции и установи во надлежност на општината“ поднесена од Советничка група на СДСМ
74. Иницијатива за размена на недвижни ствари во сопственост на Општина Битола со недвижни ствари во државна сопственост
75. Иницијатива за донесување на Одлука за субвенционирање на електрична енергија на жителите на Општина Битола од страна на Влада на Република Македонија поднесена од Советничка група на ВМРО ДПМНЕ
76. Одлука за финансиска поддршка од 3.000 денари за семејствата кои имаат запишано дете/деца во прво одделение за учебната 2022/2023.