Press "Enter" to skip to content

“Bitola Outdoor festival“ од 23 до 25 септември низ Пелистер и на локации низ Битола

Фестивалот „Bitola Outdoor festival“ ќе се одржи во месец во период од 23 до 25 септември на повеќе локации низ Општина Битола и Националниот парк Пелистер. Pelister Ultra-Trail“ е меѓународен настан организиран од Здружение за поттикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот „ БОФ “ Битола.-Во него оваа година ќе бидат опфатени четири планинарски спортски дисциплини коишто ќе се одржат и спроведат во Националниот Парк Пелистер и тоа: планинарење, планински велосипедизам, качувањето по карпи и спортското качување и две меѓународни планински трки коишто се влезени во календарот на ITRA (Интернационалната асоцијација за планинарски трки), и истатите ќе се бодуваат на светската ранг листа за квалификација на светското финале во планинско трчање, информираат од „БОФ“, доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани – спортисти и поддржувачи на спортот.

Отворање на “Bitola Outdoor Festival“ се биде на 24 септември со свечено отворање на “Bitola Outdoor Festival“ и подигнување на стартните пакети, стартни броеви со фестивалски пакети за секој учесник и секако, последно запознавање со временската прогноза и состојбата на патеките и протоколите за сите учесници во планинарските трки.

Трето издание на “Pelister Ultra-Trail“ планинарски трки ќе се одри на 25 септември со две меѓународни планинарски трки, во должина од 20 км и 46 км кои ќе се одвиваат на паркингот кај Инфо центарот, Баба планина и Националниот Парк Пелистер. Пријавувањето за трките ќе се врши преку успешно пополнување на пријавата за една од трките преку веб страната www.pelisterultratrail.com.Велосипедска тура ќе започне кај Педагошкиот факултет во 8:30 часот ќе се вози кон село Ротино и Ротинско езеро, потоа преку Голема ливада и Националниот парк Пелистер учесниците завршуваат кај Инфо центарот на Пелистер. Патеката е долга околку 20 км.Планинарска тура ќе стартува во  8:00 часот кај Инфо Центар Пелистер до Црвени стени, локација на која секој учесник ќе има прилика повеќе да ги запознае убавините на Национални парк Пелистер движејќи се низ уникатната Моликова шума, и да ужива во прекрасните погледи од добро познатите Црвени стени на Пелистер.

Трките се отворени за сите возрасти од двата пола, за лица кои имаат наполнето 18 години, не е опходна атлетска лиценца, ниту е потребно претходно искуство на вакви трки, меѓутоа секој учесник пред да го добие стартниот број ќе мора да потпише согласност за самоодговорност, односно дека е свесен за сите ризици коишто ги носи треил планинското трчање и движењето низ планина воопшто.

1. Molika Тrail 46K,

национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 06:00 часот.

Почнувајќи од срцето на Националниот парк, патеката ќе ве однесе низ срцето на Националниот парк Пелистер. Првата половина од патеката ќе ве однесе до длабоката уникатна Моликова шума, каде потоа преку контролната точка Цапарска пресека каде патеката продолжува низ длабоката Моликова шума кон самиот врв Пелистер на 2601м надморска висина каде се отвораат бескрајните прекрасни хоризонти и пејсажи на Баба Планина, како што се Преспанското езеро со националниот парк Галичица, Ниџе планина со врвот Кајмакчалан како и погледи кои стигнуваат сѐ до прекрасниот Олимп. Патеката потоа продолжува по широките планински ливади поминувајќи покрај Малото езеро, а потоа следува спуштање преку местото викано Широка се до финишот кај Инфо центарот на Националниот парк. Трката носи 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.

2.Baba Тrail 20K,

национален Парк Пелистер, 25.09.2022 година, почеток во 08:00 часот.

 

Трката е со должина од 20км со денивелација од 1170м. Со почетна точка од Инфо Центарот на Националниот парк, патеката продолжува до местото Цапарска пресека каде што почнува да се спушта до Голема Ливада. Патеката потоа продолжува низ срцето на Националниот парк Пелистер, длабоката борова шума Молика каде преку контролниот пункт на Горна Ливада и спуштањето до контролната точка Палиснопје ќе имате прилика да финиширате кај Инфо центарот на Националниот парк. Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.