Денес, недела, 18 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде во утринските часови променливо облачно. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, понеделник, 19 септември, во Битола, времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умeрен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 24 степени.