Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ФК Јени Маале го испрати Николче Симоновски – Јошка за Австралија, “одиш за Перт, но срцето ти е во Битола“

По повод враќањето во Австралија, по тримесечниот престој во родниот крај, во Битола, екипата на фудбалскиот клуб Јени Маале му приреди забава на Никоче Симоновски – Јошка. Тие заедно со него во ресторан Путник во одлична атмосфера и позитивна енергија направија забава која ќе се памети уште долго.

-Ние како екипа чувствуваме одговорност кон Јошката не како наш поддржувач туку како наш искрен другар и сметаме дека оваа забава е најмалку што можеме да направиме за него. 30 години се одржува на македонската, но и интернационална сцена, Битола има славеј и лик кој ги прави најдобрите забави. Ценет насекаде и штета што Битола не го користи доволно капацитетот на Јошката кој го има, рекоа од Јени Маале.

Оваа забава е само увертира за големиот концерт кој ќе се прави идната година, а Симоновски пред заминувањето за Австралија рече:

-Му благодарам на екипата на Јени Маале за ова изненадување знам дека се што прават е од срце и со чисти и искрени намери, се надевам дека в година концертот кој е планиран ќе биде изненадување за сите.

А до тогаш екипата на Јени Маале со транспарент му  порача. “Одиш за Перт, но срцето ти е во Битола, Јошка Врати се“, и додаваат дека се дека ќе се врати уште посилен.