Press "Enter" to skip to content

Женското градско фудбалско дерби во Битола за Топ Гол

Топ Гол – Атлетико 2:1

Сениорската женска екипа на Топ гол со победа во воведниот натпревар ја отвори новата натпреварувачка сезона. Во битолското дерби кое се одигра на фудбалскот игралиште “Павел Шатев“ во Битола, Топ гол ја совлада екипата на Атлетико со конечен резултат од 2:1. Со головите на Милевска во 28 мин. и Гроздевска во 65 мин.

Топ гол уште еднаш ја потврди својта доминација и квалитет во меѓусебните дуели.-Кога станува збор за градско дерби сите се мотивираат повеќе и желбата за престиж е голема. Им честитам на моите фудбалерки за борбената и стрплива игра за време на целиот натпревар. Доминиравме за време на целиот натпревар но имавме и мали падови во играта кои треба да ги поправиме во идните натпревари. Оваа победа е вистинска награда за напорната работа за време на припремниот период и мотив за идни успеси, изјави Анита Гоцевска капитенот на Топ гол.

За Топ гол настапија Талевска, Марковска, Стојчевска, Гоцевска, Талевска М. Димитровска, Триста, Јовановска, Стевановска, Милевска и Трајчевска, а уште играа Павловска, Гроздевска и Давчева.

Следното 2. Топ гол како домаќин во Битола ја пречекува екипата на Плачковица.

More from СпортMore posts in Спорт »