Во Битола, во Галеријата, музеј и атеље “Ранко Струмениковски“ деновиве беше гостин познатиот македонски сликар Ацо Филиповски од Скопје. Видно возбуден од галерискиот и музејскиот простор во Битола, Филиповски им се заблагодари на се она што домаќинитего направиле во чест и слава на неговиот другар од детството и младоста, Ранко Струмениковски роден во Битола 1936, каде и живееше и до 2000 кога почина.-Пријатно сум изненаден, пред се од идејата, а секако и од реализацијата на овој проект, академскиот сликар-графичар Ранко Струмениковски да добие ваков музеј и галерија, рече Филиповски и додаде: ви честитам за се што сте направиле за мојот голем другар Ранко тој да не биде заборавен, воедно, Вие бидете горди на себе си и на Вашето благородно дело.
Инаку, Ацо Филиповски е од Мавровскиот крај, поточно родум од селото Никифорово, роден брат на Народниот херој Чеде Филиповски -Даме, па оттаму и разбирливо што голем дел од неговите дела се со родољубива и патриотска тематика со ликови и портрети на историски и револуционерни личности од македонската историја и култура.
-Битола ми е многу драга бидејќи со овој град ме поврзува раното детство како домец во детските домови “Елпида Карамади“, денес училишната зграда на “Гоце Делчев“ и “Лазо Трповски“, денес Основното училиште “Кирил и Методиј“, кои по Втората светска војна во извесен период се користеа и како домови за згрижување на мали деца, рече современиот македонски сликар Ацо Филиповски.
На домаќините Драган Ристевски и Тања Струмениковска, ќерка на Ранко, сликарот Филиповски им подари монографија во која се застапени дела од обемниот опус од над 2000 дела, слики, цртежи и графики, како и вредни биографски податоци од животот на уметникот Ацо Филиповски, и две негови дела за партизанската легенда, Народниот херој Чеде Филиповски – Даме, како и монографија за родното Никифорово.

Познатиот македонски сликар Ацо Филиповски гостин во Галеријата, музеј и атеље “Ранко Струмениковски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пораз на Еурофарм Пелистер 2 во Кавадарци
- По два дена во Маврово, ракометарите вечерва тренираа во “Јане Сандански“
- Билтен на МВР: приведен крадец-украденото вратено, нападната жена од лице со кое била претходно во врска
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: го зајакнуваме партнерството меѓу полицијата и заедницата
More from КултураMore posts in Култура »
- “Ѕвездена ноќ на нашите таленти“ – мултимедијален настан на ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом