Охрид – Пелистер 0:1 (о:0)
Фудбалерите на Пелистер славеа на гостувањето кај Охрид со минимални 0:1 и со три бода се враќаат во Битола, во рамките на 5. коло од Втората фудалска лига – запад.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 82. минута кога Маневски постигна гол од пенал, вреден три бода за битолчани.
Екипата на Пелистер по пет одиграни кола има 10 бода, со три победи и по едно реми и пораз. Лидер на табелата е екипата на Воска која има 13 бода.
Во наредното коло екипата на Пелистер е домаќин на лидерот, екипата на Воска.