Press "Enter" to skip to content

Само Христо победува во Струмица, ги победи минатогодишниот и сегашниот севкупен победник

Билијад играчите од Битола овој викенд настапија на шестиот, претпоследен, мастерс од најквалитетното натпреварување во “Амерички пул билјард“ се одржа во “The First club“ во Струмица, а се играше дисциплина “9 ка“, игра која што е најпопуларна како во светски рамки така и кај нас.

Победник на овој турнир беше Христо Василевски од Битола, кој што со сигурна игра особено во полуфиналето го совлада минатогодишниот севкупен победник, а со доминантна игра и овогодишниот победник. Бодовниот заостанок на Христо се должи на отсуството од еден турнир кој што се одржа во ист термин кога беше на подготовки кај еден од најдобрите светски тренери за билјард, советник и подучувач Шандор Тот во Србија.

По овој турнир со сигурност може да се каже дека младиот 21 годишниот битолчанец, Христо Василевски, е новата ѕвезда на македонското билјардско небо и се очекува со леснотија да го освои наредното првенство и секако е главен фаворит за Купот на Македонија, а се покажа и дека тој на своја страна ќе ја има и публиката, а ја освои и струмичката публика и персоналот на клубот “The First club“. Василевски во моментот единствениот играч кој што редовно тренира и за очекување се успешни настапи на меѓународни турнири, а прв е овој викенд во Ниш каде ќе настапи заедно со неговите сограѓани Илче, Тони и Панчо.Тино Бојаџиев, кој исто така настапи на турнирот во Струмица, е во наградниот фонд со можност да го поправи својот пласман во последниот натпревар и со тоа паричната награда да е повисока.

Инаку, со овој турнир станаа појасни, а четворицата битолските играчи и теоретски остануваат во “А“ лигата, а со нив ќе бидат и Тео и Златко, Битола ќе има 6 играчи од вкупно 16 колку што брои најквалитетното натпреварување.

На овој турнир на записничката маса беше Петар Думевски, а организатор и судија беше Горан Думевски – Панчо и обајцата од Битола.

Битолските играчи во Струмица секогаш резултатски поминуват одлично, а атмосферата за време на мастерсот е многу пријатна, а за тоа секако придонесува сопственикот Иван Проданов и љубезниот персонал кој што секогаш не пречекува со прегратки и љубезни насмевки, а тука се играше со цел да се промовира билјардот и во тој дел од државата, додаваат билијард играчите од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »