Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пријави за физички напад, пад од моторцикл кај Смолево, за каснување од куче скитник и сообраќајни контроли

На 19.09.2022 во СВР Битола, М.Т. (24) од Битола пријавил дека кај фонтаната во Битола бил физички нападнат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 19.09.2022 во СВР  Битола било пријавено дека во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди бил пренесен 41 годишник од Битола. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл на место викано “Смолево“ во Битола. Увид бил извршен. 

На 19.09.2022 во СВР Битола, Ш.В.(57) од Битола пријавил дека на бул.„1-ви Мај“ во Битола бил каснат од куче скитник. 

Во текот на вчерашниот ден (19.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 30 возачи, од кои 24 ја пречекориле брзината во населено место и 6 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.