Денес во месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир во Битола се одржа прес конференција на која беше објавен ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВА НА РОМСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО НАСЕЛБА БАИР. Повикот е објавен како дел од проектот БАИР – „Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од COSV – Coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.
Со цел подобрување на условите за домување и животниот стандард, граѓаните од ромска националност кои живеат во населба Баир во Битола, oд 21-ви септември 2022 ќе имаат можност да аплицираат за градежни интервенции од 3.000 до 6.000 евра. Аплицирањето започнува денес и трае до 7 ми октомври 2022. Заинтересираните можат да аплицираат секој работен ден од 10 до 14 часот во просториите на месната заедница „Димитар Влахов“ во населба Баир.
Фондот поддржува спроведување на три типа интервенции на најмалку 27 ромски домаќинства во населба Баир, кои поседуваат имотен лист,и тоа: поставување на ПВЦ дограма; мобновување на фасада и санација на кровна конструкција.
Според планот активностите, процесот на аплицирање и техничката процекна на документацијата ќе траат на оваа година, додека градежните работи треба да почнат во пролет 2023 година.мДетали за условите и критериумите на повикот секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот, во месната заедница „Димитар Влахов“ во населба Баир во Битола, кај членовите на Тимот за поддршка на Баир.
На прес конференцијата свои обраќања имаа градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, проектната менаџерка Климентина Ѓорѓиоска и Филиз Алиу-членка на Тимот за поддршка во проектот БАИР.
„Проектот „БАИР- здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ како што кажува самиот наслов го третира прашањето на инклузија на Ромите во град Битола, но на холистички начин, со акцент на домувањето. Оттука, клучна проектна компонента, каде се алоцирани и најголем дел проектни средства е урбаната надградба. Со цел да почне процесот на решавање на домувањето, ромските домаќинства мора да станат дел од урбаната планска генерална и детална документација. Токму затоа, проектот „БАИР“ предвидува и изработка на Генерален Урбанистички План за град Битола, односно изработка на 3 Детални Урбанистички Планови за северна станбена зона Баир. Изработката на Генерален Урбанистички План и Детални Урбанистички Планови за населба Баир се почетна основа за решавање на сите урбанистички предизвици во оваа населба.Не е возможно да се дизајнираат било какви стратешки решенија за подобрување на урбанистичката структура и подобрување на условите за живот во оваа населба без овие клучни документи. Поради тоа, носечка активност во овој проект е изработка и донесување на овие документи. Проектот БАИР во партнерство со Општина Битола, веќе го започна овој процес. Дополнително, предвидено е во рамки на проектот да се легализираат 50 ромски домаќинства во населба Баир, кои секако ги исполнуваат правните услови за легализација, вклучувајќи го пред сѐ основниот документ, геодетски елаборат. Со оглед на тоа што во моментов нема нов Закон за постапување со бесправно изградени објекти, заедно со Општина Битола, проектот работи на легализација на оние барања кои биле доставени крајот на 2018-та година. Од крајот на 2021-ва година досега се легализирани 13 домаќинства во населба Баир. Се надеваме дека со Фондот кој се распишува во склоп на овој проект ќе успееме директно да ги подобриме условите за живот на ромското население кое живее во населба Баир во општина Битола“ – истакна градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.
„Фондот за реновирање на домаќинствата (ХРФ), предвидува 150.000 евра. Со овој фонд треба да се направат парцијални реновирања во ромските домаќинства во населба Баир, со цел создавање на похумани и подостоинствени услови за живот. Затоа ќе се формира и комисија, која меѓу другото ќе има претставници од ромската заедница, со цел инклузивно и партиципативно носење одлуки. Од овој износ 135.000 евра ќе бидат директно наменети за градежни интервенции, додека 10 % или 15.000 се предвидени за изработка на предмер/проекти за предложените реновирања. Граѓаните кои успешно ќе аплицираат и ќе бидат селектирани нема да добијат финансиски средства, туку испорачани градежни интервенции (поставување на ПВЦ дограма, обновување на фасада и реконструкција на кровна покривка). За ова ќе биде распишан тендер. Според планот овие активности треба да почнат во пролет, 2023 година. Предвидено е парцијално да се реновираат 27 домаќинства. Најважен критериум од кој не смее да се отстапува е избраните домаќинства да се легализирани и дел од ДУП, со цел и инвестираните средства да имаат одржлив ефект“- истакна Климентина Ѓорѓиоска, менаџерка на проектот БАИР.
Во склоп на проектот функционира ТИМ ЗА ПОДДРШКА (BST-BAIR support team) со канцеларија во месната заедница „Димитар Влахов“ во населба Баир. Тимот е составен од три членови, активисти за правата на Ромите, со искуство во граѓанскиот сектор, кои многу добро ја познаваат динамиката и потребите на заедницата. Овој тим секојдневно е услуга на граѓаните од оваа населба, обезбедувајќи советодавни услуги и поддршка за полесно решавање на проблемите кои ги има ромското население што живее во населба Баир.. Тимот за поддршка претставувавa линк меѓу граѓаните на населба Баир и релевантните институции на локално ниво, олеснувајќи го процесот на решавање на актуелни проблеми преку евидентирање на сите барања од локалната зедница и обезбедување на административна поддршка и информации.
Канцеларијата е отворена, за граѓаните од населба Баир секој работен ден од 9 до до 17 часот. Граѓаните можат да се обраќаат секој ден до Тимот за поддршка и да добијат информации и техничка поддршка за пополнување на документацијата со која ќе аплицираат во Фондот за реновирање на домаќинства.“ –истакна Филиз Алиу-членка на Тимот за поддршка во проектот БАИР.

Промоција на Фонд за реновирање на домаќинства на ромското население во населба Баир во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски
- Пораз на Еурофарм Пелистер, Алкалоид со прва победа во Битола (фотогалерија)