Press "Enter" to skip to content

Партијата ПОДЕМ во Битола го одбележа 22 септември, меѓународниот ден без автомобил

Општинската организација на ПОДЕМ од Битола, со возење на велосипеди низ градот, го одбележа 22 септември, денот без автомобил под мотото: изберете друг вид на транспорт до вашата работа – придружете се на меѓународниот ден без автомобили.

-Овој ден има цел да ја покрене свесноста на граѓаните за зелените површини, еколошки транспортни решенија (јавен превоз, пешачење, велосипедизам и др.), како и да поттикне иницијатива за ремоделирање на градовите во насока за поддршка на ваквите модели на транспорт и приближување на јавниот простор пред се улиците, поблиску до луѓето. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град, кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите, истакнаа од ПОДЕМ и додаваат:

-Денот без автомобил е ден кога цел свет го слави здравиот транспорт во еден град!