Press "Enter" to skip to content

Превентивна активност на СВР Битола во Техничкот за ризиците од употреба на дрога и “сајбер булинг“

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и инспектори за дрога од криминалистичката полиција при СВР Битола одржаа превентивна едукативна презентација со средношколците СТУ „Ѓорги Наумов“ од Битола.

Темата на предавањето на полициските службеници беше – „Борбата против дрога“, односно како да се препознаат девијантните појави кај младите, за ризиците од злоупотреба на наркотични дроги и алкохол, а се разговараше и околу тема за сајбер булинг.Исто така, беше одржан и состанок со раководниот и наставнички кадар на средното училиште и беа разменети идеи и размислувања за понатамошна превентивна соработка, како и за проблеми со кои се соочуваат.

СВР Битола, преку отсекот за превенција во континуитет реализира превентивни едукативни предавања во рамките на злоупотребата и борбата против дрогата и други облици на зависности. Целта е примарно на младите, но и на останатите чинители да им се укажи од опасностите од злоупотребата на наркотиците и како негативно влијаат врз здравјето на младата популација.