Синоќа во Магазата во Битола беше отворена мултимедијалната изложба “Нови естетики, нови простори“, на која се претстави пет современи уметници Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски од Македонија, и Весна Перуновиќ, Стеван Којиќ, Божo Васиќ од Србија, со нивни дела од областа на видео, фотографија, дигитална анимација, дигитален цртеж, објект, инсталација, амбиент.На отворањето зборуваше и ја отвори директорката на Завод и музеј од Битола д-р Мери Стојанова, кој на отворањето рече:
-Ова е значаен настан кој го организира Заводот и музеј и е многу значајна заради реномираните уметници и квалитетот на изложените дела, а самата изложба ќе привлече љубители на уметноста од нашиот град и ќе биде мотив за други уметници да ни приредат вакви изложби. А, во иднина ќе ја продолжиме соработката со овие реномирани уметници, кои успешно се претставија не само кај нас.
Кураторот на оваа изложба Светлана Младенов на синоќешното отворање рече:
-Се заблагодарувам на гостопримството на Заводот и музеј од Битола и битолчани кои помогнаа во реализацијата. Преку оваа изложба ние се поврзуваме како регион од поранешна Југославија, односно се поврзуваат институциите и ја афирмираат уметноста и иметниците кои се многу квалитетни во сферата на современите уметности. Овие уметници кои денес изложуваат свои дела се дел од нив кои се движат во едно поголемо поле на уметноста. Тие се од средната генерација и имаа богата кариера во своите земји и на меѓународен план, а има двајца уметници од Македонија и тројца од Србија. Македонските уметници беа македонски претставници на Венецијанското триенале, а таму македонскиот павилјон беше еден на најдобрите, со голем проток на публика, а дневно го посетуваат по 200 или 300 љубители на уметноста.
Инаку, уметниците претставени преку овој проект се движат во проширеното поле на уметноста, а нивната практика се одвива преку мултимедијални и интердисциплинарни истражувања, подготвени за дијалог на различни технички и технолошки процедури.