Денес во споркста сала Медицинското училиште во Битола ќе се одигра 10. по ред турнир во одбојка “Пелистер Волеј 2022“ во организација на истоимениот клуб од Битола.
Покрај сениорската и пионерската екипа на Пелистер Волеј учество ќе земат екипите на Струмица Жени од Струмица, Јанта Волеј од Скопје и екипата на Газели од Скопје.
Турнирот е осмислен да има пријателски предзнак кој секогаш служи како прв показател за формата на екипите пред почетокот на претстојната сезона.