Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајден пиштол со рамка и куршуми се документира случајот, 10 возачи возеле под алкохол

На 24 септември во полициска станица при СВР Битола е повикан на службен разговор 27 годишник од село Мусинци, битолско, затоа што во 17.40 часот на раскрсницата на ул. “Наум Наумовски Борче“ со ул. “Прилепска“, од страна на полициски службеници од СВР Битола кај него бил пронајден пиштол, рамка за пиштол и 13 куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на изминатата вечер (24/25.09.2022), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територијата на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 10 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 18 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »