Press "Enter" to skip to content

Горната гимназија го одбележа 26 септември, Европскиот ден на јазиците (фотогалерија)

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола и оваа година традиционално го одбележа 26. септември, Европскиот ден на јазиците, а во огранизацијата беа вклучени предметните наставници по македонски јазик и литература, француски јазик, англиски, германски и латински јазик.Ништо немаше да биде успешно без учениците и нивните родители, кои се погрижија за настанот да биде како што прилега за претставување на еврооските кујни.На настанот присуствуваше и Почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија во Битола, Калиопа Кривашија – Стилиновиќ.Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците.Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден, се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.Европскиот ден на јазиците од една страна ја промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа и придонесува за подигнување на свеста за многујазичноста и меѓукултурното разбирање, а од друга страна ја промовира и поддржува идејата за доживотно учење јазици во и надвор од училиштата, студирањето, како и изучување јазици за професионални потреби или за задоволство.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »