Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен манијак, каснувања од кучиња скитници, 20 санкции за брзо возење

Полициските службеници од СВР Битола вчера  уапсиле 50 годишник од Битола. Уапсениот претходно во неговиот дом допирал малолетник по телото и го принудил и тој него да го допира. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, гласи соопштението од полицијата.

На 25.09.2022 во СВР Битола, Ј.В. (45) од Битола пријавила дека на ул. “Илинденска“ во Битола била касната од куче скитник. 

На 25.09.2022 во СВР Битола, Е.Ј. (30) од Битола пријавила дека на ул. „Широк Сокак“ во Битола  била касната од куче скитник. 

Во текот на вчерашниот ден (25.09.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкионирани се 20 возачи од кои 16 ја пречекориле брзината во населено место и 4 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »