Press "Enter" to skip to content

Јанта Волеј победник на 10. турнир во одбојка “Пелистер Волеј 2022“, одбојкарките од Битола трети (фотогалерија)

На 10. турнир во одбојка во Битола во организација на Пелистер Волеј сениорките на Пелистер Волеј, играа против Струмица Жени од која беа поразени со 0:2 (25:17 и 25:17) по сетови. Во вториот натпревар екипата на домаќинот беше поразена од моќната екипа на Јанта Волеј која пак допатува во полн состав и сосема заслужено е победник на турнирот.-Иако резултатот беше 2:0 (17:25 и 26:28) нашите девојки одиграа далеку поквалитетно и помотивирано, пружија достоен отпор и освојуваа навистина убави и атрактивни поени, а особено драматично и неизвесно беше во вториот сет, особено по серијата одлични сервиси на Најдановска и новајлијата Проковиќ, која го подигна своето ниво во однос на апрвиот меч, но сепак искуството и квалитетот беше на страната на Јанта Волеј, рече тренерот Роберт Митковски, а за тоа со каква екипа ќе играат оваа сезона додаде:-Оваа сезона настапуваме со големи измени затоа што клубот го напуштија две првотимки, а третата, средниот блокер Меланија Каралиоска се рехабилитира по сериозната повреда.  Сепак во редовите на Пелистер Волеј доаѓаат две нови имиња од кои се очекува значително да му помогнат на нашиот клуб за враќање во елитното друштво, за што секако со нетрпение го чекаме и заздравувањето и стартот на Каралиоска. Иако пред нас е една од најтешките сезони, убедени сме дека екипата ќе биди апсолутно подготвена до стартот на сезоната и дека нивото на игра допрва ќе го издигниме на највисоко можно ниво.Промената во нашите редови, тренерите ја искористија често да менуваат на позициите, особено на примачката дијагонала па и на позицијата коректор, како и изнаоѓање на нови решенија по средината на мрежата. Оваа екипа сеуште е далеку од уиграна што секако е прерано да се случи заради изменетиот ростер кој го имаме.Инаку, на турнирот први започнаа пионерките на Пелистер Волеј кои играа протов екипата на Газели Волеј и победија со 2:1 (19:25; 25:16; 17:15). Третиот сет по 1:1, започна со многу измени во екипата се со цел да добијат шанса повеќе одбојкарки, а повеќето имаа и нови улоги во поставата која се модифицира и изменува во однос на минатата година, за што резултатот од корист на Пелистер Волеј отиде во вистинска драма и завршница со среќен епилог за нашата екипа.

More from ВестиMore posts in Вести »