Press "Enter" to skip to content

55 километри вело и џип тура од Старавина до Добро поле и назад по ископан пат, кал, камењар, песок… (фотогалерија)

По повод денот на пробојот на Добро поле кој се случил на 15 септември 1918 година и со тоа се “решила“ Првата светска војна здружението “Оф роад Македонија“ и најзаслужниот за одбележување на овој значаен датум од светската историја, Јове Парговски, и оваа година ја продолжија традицијата и ја организираа вело и џип турнејата “Добро Поле 2022“, во спомен и чест на загинатите Македонци во овој пробој, кога во еден ден на ова место на 1.850 надморска висина загинаа 5.000 војници од двете страни, а меѓу нив и голем број Македонци кои војувале над двете страни.-Екстремна вело и џип тура и авантура во траење од 7,5 часа и 55 километри поминати по ископан стар “француски“ пат, по камењар, по песок, низ грмушки, по кал… за која треба добро физички подготвени велосипедисти и искусни оф-роад џип возачи, која поради временските услови беше одложена за седум дена, вели Парговки и додава:-Манастирот “Свети Атанасиј Велики“, место викано “Црквиште“ над Старавина е стартот, а целта е на Добро Поле, 1830 н.м.в. каде е “решена“ Првата Светска војна, каде Антантата го пробиваше Македонскиот фронт, е на кратко во неколку зборови авантурата која ја поминавме, ние во џиповите и велосипедистите кои мораа добро да се испотат да извозат до таму и да се вратат.Јове Парговски, голем познавач на теренот во Мариово и посебно на историските факти поврзани со Првата светска војна, а на Добро Поле на сите им одржа историски час за важноста за овој датум, на пробојот, за посебните детали на самото место, каде биле стационира трупите, од каде тргнал нападот, каде биле поставени војниците од двете страна на Македонскиот фронт, а слушателите имаа ретка прилика да се “вратат“ 104 години наназад и за миг да “бидат“ на самиот фронт.-Сум го посетил Пелистер повеќе од илјада пати, Мариово стотина пати, и само можам да им ја препорачам оваа вело тура или само пешачење до Добро Поле, по можност на вака организиран начин, со добра логистика како ми ја овозможи Парговски, поради тежината на 55 километри и опасностите кои ги има на секој чекор. Има многи патеки околу Битола, низ Пелистер, или низ Мариово кои се препорачани за возење велосипед, а една од оние која се препорачува само на најподготвените велосипедисти кои “возат“ планински велосипедизам  е вело турата од манастирот “Свети Атанасиј Велики“ над село Старавина до Добро Поле, која е дигитално маркирана во рамките на проектот „www.RuralAdventure.mk“, вели Драган Ристевски, искусен планинар и вљубеник во природата.Вело-авантурата ја започнавме во 8 часот, од дворот на манастирот “Свети Атанасиј Велики“ над Старавина, место викано “Црквиште“, каде по посета на старата мала црква се упативме со велосипеди, а по еден час во 9 часот тргна и џип турата, со цел заедно да стигнеме до Добро Поле.Патеката е тешка да се вози во секој поглед, делови по сонце кои поради ладното време полесно ги поминавме, има дел по камењар, дел по песок и затоа ја препорачувам на лица кои редовно возат планински велосипеди, со добра физичка и психичка подготвеност, бидејќи сите кои ја поминале ја оценуваат како тешка. Се поминува покрај Градешница, потоа се вози по умерена нагорнина до Шумската куќа десетина километри, од каде започнува екстремно тешкиот дел од 15 километри до Добро Поле.Патеката е “захтевна“ по стар шумски пат кој е лош, а како показател на тоа колку е тешка се оставените расипани градежни машини по патот. Последните километри пред старата војничка караула, се најтешки, тешко се поминува и со џип, се вози, односно се оди по камењар, а на последното слегување до целта низ пат покриен со дрвја и лисја, каде поради големи буки сонцето не може да се пробие, што е посебна опасност.Иако е патеката тешка сите безбедно ја поминавме, а професорот Кире Грбевски кој по втор пат ја поминува оваа вело авантура по враќањето ни рече:-Екстремна планинска тура, а втората половина на искачувањето е претешка бидејќи се совладува голема висинска разлика, по тежок терен, низ кал, низ песок, по камењар… Сакам да кажам и да им порачам на оние кои ќе се одлучат да возат до горе, да не одат без логистика на човек кој го знае теренот, секако со теренско возило, бидејќи секој метар е опасен. Безбедноста, да зборувам како професор, мора да биде во прв план. Но, кога ќе се стигне на Добро Поле, на самата граница со Грција, каде се одлучувала Првата светска војна пред 104 години, каде загинале илјадници војници на двете страни на Македонскиот фронт, се се заборава, и уморот и поттта и гребаниците…, или како самите рековме, е а ова се измачивме и заради овој поглед во дупките од гранатите се уште се тука и се полни со вода.Иако преморени сепак сите со големо внимание го слушавме историскиот час за тој одлучувачки пробој на Добро Поле, кој ни беше и мал одмор колку да се “собере душа“.Потоа започнува слегувањето по истиот терен до Старавина, а за тој дел од авантурата Никола Шулевски вели:-Возењето велосипед на враќањето, односно слегувањето, е посебно тешка работа, пред се поради уморот и затоа треба полна концентрација, бидејќи секој метар надолу е потежок и потежок. Сакам нешто да им порачам на оние ретките кои ќе се одлучат да возат до Добро Поле. Има делници кои се преубави во сенка, под високите дрвја, но и претешки за возење, но и делници на сонце, низ кал… ако им се укаже прилика, или до година да дојдат со нас да не се дмоумат. Јас за разлика од Сашо и Кире за прв пат доаѓам тука, а ќе го “темпитрам “ календарот и в година да бидам со нив тука, а сите кои сакаат необични вело авантури да бидат со нас. Она што ќе го видат, а и ќе го слушнат на самото место од Јове е единствено.Александар Делов за прв пат го искачи Добро Поле, а по слегувањето не го криеше задоволството од тоа што го поминал,  рече дека добро се уморил, иако редовно спортува и искачува врвови.-Кога се качувавме поради тешкиот терен не забележавме многу работи кои ги видовме на слегување, кога направивме неколку мали паузи да уживаме во длабоката шума или во погледот наоколу, да се стоплиме на сонцето… Дури кога се враќавме ние бевме свесни што се и како поминавме нагоре и колкав пат поминавме, а сме поминале многу. “Второто полувреме“, слегувањето, беше полесно, но со крајна концентрација, бидејќи нема место за опуштање, а последиците можат да бидат тешки.Истото ни го рече и Борис Чурановски кој додаде:-Возам планинински велосипедизам насекаде низ Македонија, а најчесто низ Пелистер. Сакам да кажам дека онака како ни ја опишаа патеката до горе, дека е тешка и дека бара многу напор, се оствари. Кога се возат вака тешки тури се случуваат многу “дефеци“ на велосипедите, скршени менувачи, скинати сајли, дупнати гуми, но ние шестемина за среќа поминавме без поправки на велосипедите, а имавме со нас неопходни резервни делови.По осум часа возење посебно уживање беа двата часа во енто ресторанот “Под Мостот“ во село Зович, кај Митко, каде уживавме во неговите специјалитети и си ги раскажавме поминатите 55 километри.

Сашо Ристевски     Фото: Ивана Парговска и Никола Шулевски