Press "Enter" to skip to content

Во Битола 3 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, активни 15 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид 19 од Битола се 3.

Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од  Битола се 9.

До сега во Битола има 17.913 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 15 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. 

Направени се во Битола 15 тестови ЦЈЗ Битола 14 и “Плодност“ 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.167.428 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378.

More from ВестиMore posts in Вести »