Press "Enter" to skip to content

КУД “Илинден“ објави јавен оглас за изучување и свирење на традиционални (изворни) инструменти од етничкиот предел битолско поле: гајда, кавал, тамбура и тапан. 

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). КУД „Илинден“ Битола во рамките на проектот „Изучување на традиционални инструменти од Битолско Поле“, поддржан од програмата ReLOaD2, објавува:

Jaвен оглас

за запишување на кандидати за изучување и свирење на традиционални (изворни) инструменти од Етничкиот предел Битолско Поле: гајда, кавал, тамбура и тапан

Предмет на јавниот оглас

Предмет на јавниот оглас е собирање на пријави од заинтересирани кандидати за изучување изучување и свирење на традиционални (изворни) инструменти од Етничкиот предел Битолско Поле: гајда, кавал, тамбура и тапан. 

Во едукативните активности ќе бидат вклучени 20 деца и млади (машки и женски) на возраст од 10 до 15 години, а може и повозрасни зависно од заинтересираните кандидати. Застапеноста, предвидено е да биде 60% машки, односно 12 деца и 40%, односно 8 женски деца.

КУД Илинден како организација која работи на зачувување и промоција на македонскиот фолклор на територијата на општина Битола и пошироко, со предвидените активности има за цел да го пренесе своето знаење на децата и младите преку имплементација на стручни работилници.  Планот на активности опфаќа последователно: 

1. Запишување на заинтересирани деца и млади за изучување на традиционалните инструменти

2. Практична работа – индивидуални часови за секое дете од страна на корепетиторите

3. Пректична работа – заеднички проби, за координација на инструментите

4. Јавен настап и презентација на изучените дела во форма на концерт

Придобивките од реализацијата на проектот се едуцирање на млад кадар со традиционалните инструменти автентични за Битола и битолско, а со тоа зачувување на нашата автохтона традиција.

Критериуми и потребна документација за аплицирање

Во едукативните активности, предвидено е да бидат вклучени, децата и младите кои имаат природни афинитети кон македонскиот фолклор, за што предност ќе имаат деца и млади на возраст од 10 до 15 години.

Проектот ќе вклучи најмалку 5 деца од ранлива категорија, односно деца со помалку можности од рурални средини.

Бодирањето ќе биде извршено согласно следнитекритериуми:

– Возраст од 10 – 15 години – 10 бодови

– Деца од рурална средина – 10 бодови

– Деца од семејства корисници на социјална помош или семејства со ниски примања (под 30.000 денари) – 10 бодови

– Јасно изразен мотив за изучување на традиционални инструменти – 30 бодови

– Природни афинитети кон македонскиот фолклор, кои ќе бидат проценети за време на интервјуто – 40 бодови

Изборот ќе биде направен согласно доставените пријави, искажаниот интерес во истите и спороведеното интервју со заинтересираните апликанти од страна на експертите – предавачи.  За таа цел, апликантот, потребно е да ги пополни пријавата и изјавата во прилог на овој оглас.

Доставување на апликации

Рокот за доставување апликации е 10 дена, односно најдоцна до 09.10.2022. Апликациите, може да се достават иелектронски на casilinden@yahoo.com или www.kudilinden.mk

Избор на пријавени кандидати и спроведување на едукативните активности

Кандидатите за извршениот избор ќе бидат известенителефонски или електронски. 

Реализацијата  на активностите ќе биде овозможена со човечки и технички ресурси на КУД Илинден. Часовите ќе се оджуваат во просториите на Друштвото, од страна на сегашни и идни етнокоелози, виртуози на традиционалните инструменти.

Кандидатите ќе бидат поделени на четири групи, согласно инструментот за изучување.

Метологијата на работа предвидува за секој инструмент да се одржуваат по 2 индивидуални часа неделно, (по 60 мин еден час), во вкупен период од 10 месеци.

На часовите најпрво ќе се изучуваат основите на секој инструмент поединечно, тонските скали, произведувањето на тонот на дувачките инструменти, разделување на ритмите,  а покасно би се преминало на изучување на мелодии и техники на свирење на секој инструмент поединечно.

Откако до одреден степен би се совладале техниките на свирење и би се изучиле одредени мелодии и ритмови, на вториот чекор или понапредниот чекор би се започнало со заеднички проби со составите на КУД Илинден, кои би се одржувале два пати неделно по 90 мин.

*Овој оглас е објавен во рамките на „Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2“ која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на објавата, како и наодите што се изнесени во неа одговорни се исклучиво КУД Илинден и на никаков начин не ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ), ниту на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

More from КомерцијаMore posts in Комерција »