Press "Enter" to skip to content

ОУ “Даме Груев“ домаќин на ученици од пет држави во рамките на “Еразмус“ (фото)

Од денес 26.09.2022 година училиштето “Даме Груев“ од Битола е домаќин на пет држави Италија, Финска, Турција, Грција и Литаванија, како дел од Еразмус проектот GAME on -Игра за кој е имплементиран од 2018 година.Проектот е фокусиран на менталното и физичкото здравје на учениците со создавање на здрави навики на живеење.Активностите во нашето училиште  се насочени кон менталното здравје, контрола на стресот и емоциите со музика ,игра и медитација. Гостите во текот на неделата ќе учествуваат во повеке работилници насочени во  реализација на целите.За проектот и активностите  нашето училиште добива целосна подршка и од локалната самоуправа што и се покажа  со топлото добредојде од страна на заменик градоначалник Бојан Бојкоски, истакна на крај координаторката Соња Јанкуловска. 

More from ВестиMore posts in Вести »