Press "Enter" to skip to content

Втор фудбалски турнир “Борис Венгер“ во Поешево, победници домаќините

На стадионот на фудбалскиот клуб Поешево во село Поешево се одигра вториот по ред фудбалски турнир “Борис Венгер“ кој го организа неговиот клуб, во чест на прерано починатиот тренер Борис Петковски. На овој турнир учествуваа покрај домаќинот и екипите на Новаци и Јени Маале, а победници беа домаќините кои во финалето ја победија екипата на Јени Маале. -Овој фудблалски турнир го организираме во чест на големиот вљубеник во фудбалот, тренерот на фудбалерите од Поешево, носител на сите активности за фудбалскиот клуб, кој за жал минатата година прерано почина. Ние во знак на почит и сеќавање за него и неговото дело, кое беше големо за фудбалот во село Поешево, и заради тоа што беше наш голем пријател и поддржувач,  го организираме овој турнир, втор по ред. Пред почетокот на натпреварите положивме цвеќе на неговото вечно почивалиште, а секако дека и во иднина на ваков начин ќе му оддаваме почит, ни рече Тони Мицевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »