Press "Enter" to skip to content

Емилија Ивановска и Софија Проковиќ засилувања на Пелистер Волеј (фото)

Екипата на Пелистер Волеј од Битола оваа сезона посакува експресно враќање во најквалитетното одбојкарско женско друштво, Првата државна лига и затоа доведе две засилувања во Битола, Емилија Ивановска и Софија Проковиќ.

Двете одбојкарски во Битола остануваат една година и веќе со Управата на Пелистер ги потпишаа едногодишните договори.Емилија Ивановска родена 1993 е една од најискусните на одбојкарската сцена во Македонија. Почетоците и се во матичниот клуб ОК Борец од Велес. Натсапувала за Форца Волеј со која ја освојува двојната круна, во Косово, во Јанта Волеј и Работнички Скопје. Во Битола доаѓа од екипата на Јанта Волеј со која ги освојува сите титули.Второ ново засилување за претстојната сезона е Софија Проковиќ родена 2002 година. Кариерата ја започнува во екипата на Ѓорче Петров Волеј, а од таму продолжува во Работнички, Работнички Жени, Јанта Волеј. Проковиќ  во Америка каде играше “college volleyball“ во Salt Lake Community College кој е трет во лигата, а била пионерска и кадетска репрезентативка.