Press "Enter" to skip to content

Филип Панчевски победник на Меѓународниот турнир во забрзан шах во Битола

Во ресторанот “Вавилон“ во Битола се одржа турнир во забрзан шах “Вавилон опен“ во организација на шаховскиот клуб „Шах-шех“ од Битола. Турнирот имаше меѓународен карактер, а учествуваа 135 шахисти од 4 држави и тоа Македонија, Грција, Бугарија и Косово.

Со 7.5/9 освоени поени завршија четворица, но редослед беше одреден според “Бухолц“ системот прво место освои ИМ Филип Панчевски, второпласиран е ВМ Звонко Станојоски, на  трето место е Андреј Вељаноски. За најдобра шахистка е прогласена Моника Стојковска, а за најдобар шахист од Битола Миодраг Јазаџиевски.

Специјалната награда за првпат ја освои Теодор Јовановски – млад шахист од Скопје. 

Настанот ја има поддршката од Општина Битола, а улесниците на турнирот ги поздрави заменик градоначалникот Бојан Бојкоски. Од клубот “Шах-шех“ со сигурност тврдат дека турнирет ќе прерасне во трдиционален.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »