Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес во Битола, пронајдена марихуана, приведен дилер

На 27.09.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 27 годишник од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

More from ВестиMore posts in Вести »