Press "Enter" to skip to content

“СН Осигурителен Брокер“ и “СН Сообраќаен центар“ на “Преспански јаболкобер“ во Ресен

-“СН Осигурителен Брокер“ и “СН Сообраќаен центар“ и оваа година ја поддржаа традиционалната манифестација “Преспански јаболкобер“ во организација на општина Ресен.

-Локалната самоуправа им додели и признание кое го врачи градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски

Со симболично откинување на првото јаболко на верскиот празник Крстовден, официјално започнува бербата на преспанското јаболко. Во рамките на штандовската презентација која се организира по тој повод, “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола, лидер во земјоделското осигурување во земјата, ја презентираше својата понуда пред посетителите на манифестацијата во Ресен.На заинтересираните граѓани им беа презентирани услугите кои ги нуди компанијата, односно сите видови осигурувања кои се дел од понудата на “СН Осигурителен Брокер“. Беше презентирана и понудата на “СН Сообраќајниот центар“ лоциран во Битола, а кој обединува спектар на различни меѓусебно поврзани услуги со цел да им ги олесни сите потребни процеси на граѓаните за одржување и грижа на моторните возила.Посетителите на “Преспанскиот јаболкобер“ се запознаа со услугите кои ги нуди “СН Сообраќајниот центар“, односно вршење на на технички преглед и регистрација на возила, што може да се направи и на 12 рати без камата. Воедно, на располагање им се и техничка служба, сервис за моторни возила и автоперална. Сите тие, вклучително и модерен ресторан, се сместени во современо опремен комплекс на улицата “Михаил Апостолски Дончо“ број 7, на “Новачки пат“ во Битола, со цел на корисниците да им се понуди комплетна услуга на едно место.Воедно, двете компании упатија честитка по повод големиот празник Крстовден, а на сите земјоделски производители им посакаа богат род и бериќетна сезона.