Press "Enter" to skip to content

Во Библиотеката 17. Роднокрајна средба со битолските писатели

Денес во просториите на НУУБ “СВ. Климент Охридски“ во Битола се одржа 17. по ред „Роднокрајна средба со битолските писатели“. На средбата присуствуваа: Елизабета Јончиќ, Добре Тодоровски, Љубе Митрејчевски, Сања Видановска-Мучкајева, Михајло Свидерски, Славица Свидерски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски и Милица Димитријовска-Радевска.Оваа година средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“-Битола и останати гости.Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости и се заблагодари на библиотекарот советник во пензија Николче Велјановски за досегашното негово ангажирање во организирање на роднокрајните средби. А на новиот координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и посака успешна работа.На средбата присутните имаа можност да слушнат нови дела на битолските писатели и да им постават низа прашања. На оваа средба се разговараше и за воведување на наградата „Роднокраен автор на годината“ во неколку категории како и за критериумите за добивање на наградата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »