Press "Enter" to skip to content

Проектите за животната средина на Општина Битола дел од разговорите во Генералниот директорат во Брисел

Како дел од работната посета во Брисел, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот Борче Димитровски, имаа состанок со претставници на Генералниот директорат за проширување и соседска политика на ЕУ (DG NEAR), кој управува со најголемиот дел од финансиската и техничката помош на Унијата за соседството и земјите од проширувањето.

На средбата со Симона Гати, која работи во оваа единица на генералниот директорат, а е задолжена за програмата за соработка со Република Албанија, се разговараше на повеќе теми, при што беа акцентирани и повеќе тековни проекти, меѓу кои и изградбата на пречистителната станица, како и проектот „EU for Clean Air“, кој треба наскоро да почне со реализација, а Битола е дел од општините вклучени во овој проект, насочен кон подобрување на квалитетот на воздухот.

Исто така, беа разгледани и можностите за аплицирање на Битола, како општина која ги исполнува условите и критериумите за поддршка на проекти од програмата „Јust transition“. Механизмот за праведна транзиција е финансиска алатка која обезбедува приспособена поддршка за најранливите и најинтензивните региони на јаглен во транзицијата кон позелена економија.

Овој механизам, во периодот 2021-2027 година, ќе мобилизира најмалку 150 милијарди евра инвестиции за ублажување на социо-економското влијание. Механизмот се состои од три столба: Фонд за праведна транзиција од 40 милијарди евра за првенствено обезбедување грантови, посветена шема во рамките на InvestEU за вметнување во приватни инвестиции; заем за јавниот сектор со Групацијата ЕИБ за да се мобилизираат дополнителни инвестиции и да се поттикне јавното финансирање.

More from ВестиMore posts in Вести »