Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдено починато лице без траги на насилство, со закана одземен дневен промет во продавница

На 28.09.2022 околу 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат 65 годишник од Битола. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен. 
 
На 28.09.2022 во 21.17 часот во СВР Битола било пријавено дека во продажен објект на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
More from ВестиMore posts in Вести »