Press "Enter" to skip to content

Млекарницата “Здравје“ преку коктел дегустација до подобрувањето на вкусот во категориите на сирења и кашкавали (фотогалерија)

Синоча во кафе клубот “Пајтон“ на Широк Сокак во Битола млекарницата “Здравје“ одржа коктел дегустација на која голем број на присутни битолчани и нивни гости од други градови уживаа во вкусовите, мирисите и аромите на најдобрите сирења и кашкавали кои тие ги произведуваат, надополнети со вкусовите на гројзе, калинки, малинки и бобинки, а потекнуваат токму од ова, наше, поднебје.Гостите ги пречека и им се обрати извршниот директор на млекарницата “Здравје“, Златко Најдовски, кој рече:-Производите кои вечерва ќе имате прилика да ги дегустирате и да ги оценити, а се наши производи, производи на  млекарницата “Здравје“,  ќе кажам прво дека се направени од чисто млеко, без додатоци, со печат за безбеден и квалитетен производ, или со неколку зборови тие се се уметност на добриот вкус. Што се однесува пак до млекарницата, ќе додадам, дека ние се докажавме како маркет – лидер во категоријата на тврди производи во нашата држава.Млекарницата “Здравје“ практикува најстроги критериуми во однос на откупот и влезот на суровото млеко, а валитетот на суровината е загарантиран бидејќи најголем добавувач на сурово млеко е ЗК “Пелагонија“ и триста коперанти, а за две години планот е откупот на сурово млеко да порасне двојно од сега, на 70 тони дневно.Најдовски ја искористи приликата и да упати порака до потрошувачите:-Нашата порака на оваа дегустација која треба да ја истакнеме е всушност и нашата мисија дека млекарницата “Здравје“ има безбеден и квалитетен производ во исто време добиен од чисто млеко, а ние гарантираме дека нашите производи се исклучиво од млеко со највисок европски квалитет. Токму поради докажаниот квалитет имаме најголем извоз во Бугарија, Словенија, Шведска, Германија и други, а за плановите додаде:-Плановите ни се да постигнеме двојно зголемување на нашиот раст, како во приходи, така и во тежински и волуменски состав. Во следната 2023 година најавуваме инвестиции во Битола и пласман на нови производи, а тоа ќе значи нови вработувања.