Press "Enter" to skip to content

Вработените во Ректоратот со изненадување за Коруновски на последниот работен ден како Ректор (фото)

Вработените во Ректоратот на УКЛО во Битола по завршувањето на официјалниот дел на предавањето на инсигниите на новиот ректор проф. д-р Игор Неделковски, му приредија изненадување на сега веќе стариот ректор, проф. д-р Сашо Коруновски, а како што му рекоа нешто што за прв пат се случува.Тие прво го замолија Коруновски за заедничка фотографија со него, а потоа, како рекоа најискрено му посакаа успешна професионална кариера во неговиот матичен факултет, а му подарија и албум со фотографии од најзначајните случувања за време додека беше на чело на УКЛО, два мандати во траење од седум години.Во име на вработените секретарот на УКЛО, Офелија Христовска на Коруновски му подари статуа од Св. Климент Охридски, за да се сеќава за времето поминато во Ректоратот.Коруновски на сите им се заблагодари за честа и начинот на кој го испраќаат од оваа функција, му посака и на идниот ректор по еден или два мандати вакво испраќање во пријатна атмосфера, а рече и дека сите кои се тука ќе ги има во иднина како добри пријатели бидејќи со сите имал одлична соработка  дури и кога во нешто не се согласувале, за што посебно им се заблагодари.Новиот ректор, Неделковски, рече дека му е посебно драго што работел со Коруновски од кој тој и сите научиле многу, посебно од неговата смиреност и мудрост во раководењето со УКЛО и дека и тој како останатите сега го имаат како пријател.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »