На самиот старт на годинашната кошаркарска сезона екипата на вицешампионот Пелистер од Битола обезбеди големо засилување. Станува збор за експлозивен плејмејкер и поентер кој пред неколку сезони настапуваше за Гостивар, а сезонава ја почна како член на ТФТ.
По три месеци Доналдсон и ТФТ се разделија, откако таму беше потпишан договор, а нивната разделба ја искористија “пелистерци“ кои беа подготвени да јго доведат Американецот во своите редови.
Пелистер беше во потрага по поентер откако заминаа кои беа главни стрелци на тимот на Марјан Илиевски.
Доналдсонво Македонија има настапувано и за тимот на Гостивар, а минатата сезона настапуваше за Франкфурт во Германија и ПВСК од Романија.