Press "Enter" to skip to content

Роденденска победа на Топ гол

Џи-Џи – Топ гол 0:10

Во рамките на 3 коло од ВФЛ-жени екипата на Топ гол во Битола се враќа со победа, откаково Скопје  ја декласира екипата на Џи-џи со конечен резултат од 10:0. Во натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште во “Нова колонија“ во Скопје, битолчанки со двоцифрен резултат ја остварија својата 3. победа во низа и прокнижија нови три води со кои се искачија на врвот на табелата.

Головите за Топ гол ги постигна: Милевска во 18, Ристевска во 27, Стевановска во 34, Стојчевска во 51, Трајчевска во 80, Димитровска во 38 и 39, а голгетерски расположена беше капитенот Гоцевски која го постигна својот прв хет-трик оваа сезона со головите во 19, 23 и 65 минута.

-Нема подобар начин да се прослави нашиот 13ти роденден со висока победа. Направивме серија од 3 победи во низа и сме лидери на табелата.Имавме контролира за време на целиот натпревар и можевме да постигнеме уште повеќе голови. Честитки за победата и ова е мотив да продолжи со исто темпо кон нашата цел, изјави тренерот на ЖФК Топ гол, Кире Грбевски.

Следниот 4. коло екипата на Топ гол им гостува на ЖФК Билјанини извори во Охрид.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »