Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: додека се “покриваше“ фабриката, “Кромберг и Шуберт” ги објави првите огласи за работа

-Во октомври 2012 година, при посета на владина делагација во фабриката во изградба, на германската компанија “Кромберг и Шуберт” беше објавено дека е започнато со вработување  првите работници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинаство.Фабриката во индустриската зона “Жабени“ се градеше за тие неколку месеци со брзо темпо, а во тој период изведбените градежни работи на фабриката се одвиваа според предвидената динамика и беше речено дека до средината на месец ноември, фабриката ќе биде покриена и затворена.Со завршување на оваа градежна фаза се создадоа услови за поставување на машините, како и за поставување на инсталацијата, за одвивање на производствениот процес.

More from ВестиMore posts in Вести »