Press "Enter" to skip to content

Започна со активности Ромскиот здравствен образовен центар (фото)

Првиот официјален настан на Ромскиот здравствен образовен центар во соработка со ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола, во спортската сала на ООУ„Ѓорѓи Сугрев“ – Битола се одржа спортски натпревар со родители и деца од сите генерации од ромската и неромската заедница.За време на настанот учесниците се потсетија колку спортот е забавен, но и колку придонесува за нивното здравје ако го практикуваат редовно. Ова беше прв пат да се соберат заедно родители и деца од сите генерации, вклучувајќи дел од наставниот кадар во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“.Стотина учесници се забавуваа и учеа за важноста на спортот, дисциплината, правилата и фер играта преку: – кратко предавање за важноста на изведување на утринска гимнастика, физички вежби и пешачење/велосипедизам/трчање во природа; – активности за згревање – изведување на вежби за развој на телото; – изведување штафетни игри во две групи со ротација; – играње лепчиња со сите учесници; – крајна активност – играње заедничко народно „оро на пријателство“.Учесниците беа презадоволни и посакаа овој настан да стане редовен и премине во традиција. Огромна благодарност до директорот на ОУ „Ѓорѓи Сугрев“, Роберт Филиповски, како и одделенските наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева за соработката и помошта при организацијата и изведбата.