Press "Enter" to skip to content

Марија Димовска дел од македонската репрезентација на Светското кик-бокс јуниорско првенство во Италија

Марија Димовска од Битола, член на кик-бокс клубот Енерџи од Битола, како дел од македонската јуниорска репрезенрација во кик-бокс, која брои пет членови, и веќе се наоѓа во Италија на Светското Кик бокс јуниорско првенство, кое годинава се одржува во градот Лидо ди Јесоло.

На овој голем спортски настан пријавени се вкупно 62 држави и 2566 натпреварувачи, а селекторот на македонската репрезентација Дејан Митревски – Урко и главниот тренер Драган Атанасовски одлучија Димовска да биде дел од македонската селекција на првенството во кик-бокс и маитаи, кое го организира “wako“ светската федерација, која е најбројна и најголема.Изборот на Марија Димовска е направен според нејзините резултати, неколку кратен државен првак и освојувач на многу балкански, европски и светски купови. 

Димовска е член на кик-бокс клубот “Енерџи“ од Битола, работи кај тренерот Александар Димовски, кој за настапот на Марија на Светското првенство вели дека е одлично подготвена на физички и технички план, а го радува тоа што таа ќе настапи со голема самодоверба и има шанси за медал, на првенството кое ќе трае до 9 октомври.

Марија има 14 години и е ученик во 9. одделенеи во ОУ “Елпида Караманди“.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »