Press "Enter" to skip to content

Започна 31. издание на “Интерфест“ во Битола со изведби на балетските претстави “Валпургиска ноќ“ и “Кармен“ (фотогалерија)

Вечерва во Големата сала на Центарот за култура во Битола започна 31. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.Пред љубителите на класичната музика зборуваше уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ Рибарски, која ја претстави програмата на годинашното издание.-Ме радува податокот кој го добивме неочекувано, дека има публика меѓу нас од почетокот на “Интефест“, односно 31 година од нашите почетоци во Битола, односно првото издание. Втората работа која посебно не израдува, а не успеавме тоа да го направиме изминатата година, да имаме концерти во Офицерски дом. По вечерашното издание се “селиме“ во Офицерски дом, а последните денови се концерти на клавир, што ќе го потврди епитетот кој го имаме, фестивал на класична музика.

Годинашниот “Интерфест“ за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:-Општина Битола ќе продолжи да го поддржува овој Интернационален фестивал, кој привлекува голем број на љубители на класичната музика од Битола. Овој фестивал ги обединува повеќе уметности, балет како вечерва, театарски претстави и секако концерти на сериозна музика, каде гостуваат познати домашни и светски уметници, кои годинава доаѓаат од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.Вечерва по официјалниот дел, односно свеченото отворање на “Интерфест“ беа изведени балетските претстави “Валпургиска ноќ“ и “Кармен“ во кореографија на Габор Кевехази од Унгарија. Сценографијата за претставите е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.Битолската публика го слушаше прекрасното дело “Кармен” на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и “Валпургиска ноќ” на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Македонската опера и балет, кои вечерва беа едно ново руво, со една современа нота, поинаку од она што било работено некогаш.Инаку на “Интерфест“ ќе се одржува до 12 октомври, покрај воЦентарот за култура, Завод и Музеј, Народен театар и Офицерски дом, а ќе ги има ликовната изложба “Пат за Дихово“ на Миливоје Новаковиќ Кањош, претставата на Ларс Норен “Демони” во изведба на Битолскиот театар, поетската вечер со Славко Јаневски со актерот Петар Мирчевски. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »