Press "Enter" to skip to content

Почна академската година на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола (фото)

Првата работна посета на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на почетокот на  новата 2022/23 академска година започна од  Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола, што беше и старт на мандатот на првиот човек на УКЛО, ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

Од име на Универзитетот, ректорот на  Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола Неделковски истакна:-На почетокот на новата академска година, но и мој прв работен ден како ректор не можев да имам поголема чест и задоволство, работниот ангажман поврзан со академскиот почеток министерот за образование и наука, г-динот Јетон Шаќири да го започне од Универзитетот „СВ. Климент Охридски“ – Битола што сведочи дека и кај министерот и во Министерството овој Универзитет има високо реноме. Ова е 43 учебна година што се реализира здружено на ниво на УКЛО и ако некои единици се доближуваат до стогодишен јубилеј.Запишавме над 1100 бруцоши и очекувам дека оваа учебна година ќе помине без проблеми, очигледно е дека пандемијата веќе се заборава и ќе се вратиме на „старите“ текови, дека студентите самопрегорно ќе учат, а ние професорите ќе бидеме крајно мотивирани да им го пренесеме нашето знање,  а со минстерот и со Министерството соработката да биде на високо ниво, особено затоа што почитуваниот Министер е универзитетски професор и ги знае проблемите во високото образование и истовремено е млада личност, а младоста е синоним за акција, за  храброст и  очекувам оваа школска година да има  низа позитивни страни за виското образование“.Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири  искажа задоволство дека од УКЛО и од Битола заедно со Ректорот може да ги поздрават студентите и да им посакаат успех во новата академска година, особено затоа што по претходните предизвици образованието се враќа на настава со физичко пристсутво.Според него 43 години од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и исто толку нови акдемски генрации се повод да го направи изборот да го посети УКЛО како институција која има дадено придонес во високото образование во нашата земја. На новиот ректор Неделковски му посака добро здравје и успех во работата и нагласи дека се залага за заедничка соработка,  бидејќи успехот во виосокото образование доаѓа кога сите заедно соработуваат.     Според него,  вискообразовниот процес ќе биде успешен со взаемна соработка почнувајќи од ректорите, универзитетските професори, асистените и соработката со студентите и посочи дека треба да  се направат што повеќе услови за успешна наставно- образовна дејност и да се постигнат повисоки цели.Во рамки на посетата на УКЛО, министерот Јетон Шаќири оствари средба со претставници од Управата, Сенатот на УКЛО и  Универзитетското студентско собрание.Инаку, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски по повод  академскиот почеток присуствуваше на две единици на УКЛО: на централната, во Факултетот за безбедност во Скопје  во рамки на одбележување на 45 годишниот  јубилеј и на Правниот факултет во Кичево.

Е. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »