Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани 39 возачи за брзо возење

Денеска (03.10.2022)во времето од 07:00-12:00 на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 39 возачи.

Од нив 28 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од СВР Битола, кои апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »