Press "Enter" to skip to content

Прв академски час и свечено доделување на индексите на Меѓународен Славјански Универзитет (фотогалерија)

Во анфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет,  на одделението во Битола со одржување на првиот академски час и свеченото доделување на индексите на околу стотина бруцоши започна новата академска година 2022/23 година, кога новите студенти се веќе академски граѓани, кои се дел од високо-образовната образовна средина.На новите студенти, колегите професори им се обрати проректорот проф. д-р Васко Стамевски кој и  посака успешна академска година на сите нови студенти и додаде:-Унивезитетот, односно одделението во Битола од денес им е втор дом на сите, каде ќе се образуваат, ќе се дружат, ќе ги имаа и првите љубови и оние кои не се од Битола ќе уживаат во престојот во овој град.Првиот академски час го одржа проф. д-р Дијана Белевска.Свои обраќања покрај проректорот на Меѓународен Славјански Универзитет имаа и проф. д-р Јулијана Силјаноска, продекан на Факултетот за економија и организација на претприемништво, доц. д-р Анита Ристеска, декан на Факултетот за психологија, проф. д-р Мимоза А. Јанкуловска, професор на Факултетот за информатика, проф. д-р Цветанка Митревска, декан на Факултетот за безбедносно инженерство и проф. д-р Марија Гроздановска, продекан на Факултетот за правни науки.Потоа на студентите им беа врачени индексите, како и пристапот за користење на електронската сметка за користење на алатата за Е-учење.На настанот студентите можеа да се запознаат со универзитетот и со службите кои работат за да им го олеснат процесот на студирање.Исто така студентите можеа да се запознаат со Службата за студентски прашања, Центарот за кариера, библиотеката, книжарницата и издавачката куќа, службата за Е-учење итн.Инаку, меѓународниот Славјански Универзитет е составен од пет факултети и два институти,  со работа започна во 2004 година во одделенито во Свети Николе, а одделенеито во Битола започна во 2006 година. Во овој период со макотрпна работа, чесност, квалитетна едукација, еминентен наставен кадар и ориентираност кој студентите, сега Унивезритетот е престижна високо-образовна институција.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »