Press "Enter" to skip to content

Ремонтот на “Блок 1“ во РЕК “Битола“ е во тек

Во РЕК “Битола“ во полн ек е ремонтот на “Блок 1“. Во активностите се вклучени вработени на комбинатот и стручни лица од домашни компании.

Заради енергетската криза во државата и Европа, ремонтите на блоковите во РЕК “Битола“ годинава ќе бидат изведени за помалку од 30тина дена, наместо вообичаените 45 и повеќе.

Фокусот е ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.

Ремонтот на “Блок 1“ на РЕК “Битола“ предвидено е да заврши до 15 октомври, по што ќе следуваат исти активности и на “Блок 2“.

Во меѓувреме се очекува да пристигне трансформаторот за “Блок 3“, по што РЕК “Битола“ би продолжил со работа со полн капацитет.

 

More from ВестиMore posts in Вести »